Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕУ: Oдлука сè уште не е донесена, ќе се следи епидемиолошката слика

ВЛАДАТА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕУ: Oдлука сè уште не е донесена, ќе се следи епидемиолошката слика

Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со Европската Комисија за различни прашања поврзани со споделувањето информации и за активностите што се преземаат за справување за спречување на коронавирусот и КОВИД-19, што е заеднички интерес на ЕУ и нашата земја, велат за Фактор од Владата за тоа дали ќе можеме да патуваме во ЕУ. 

„Овие теми беа предмет на разговор и на видео конференцијата на министрите за надворешни работи од земјите во регионот со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, иницирана од негова страна, на која учествуваше и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Досега Европската Унија се покажа како вистински партнер и поддржувач на нашата земја  во справувањето со пандемијата, создавајќи чувство на заедништво и припадност како да сме скоро дел од ЕУ. Од страна на еврокомесарот Вархеји беше искажана подготвеност за поддршка на регионот за спроведување на мерките за контрола на вирусот и за координација при следните чекори за закрепнување и повторно поврзување на регионот и нашата земја со ЕУ врз основа на објективната епидемиолошка слика во наредниот период, која во најголема мерка зависи од дисциплинираното придржување и почитување на мерките за лична заштита.
Во врска со слободата  на патување од Балканот кон Европската Унија одлука сè уште не е донесена. Комисијата во Брисел и земјите-членки разговаараат и треба да донесат одлука по прашањето врз основа на епидемиолошката слика“, додаваат од Владата. 

Владата на нашата земја и МНР се во постојана комуникација и со владите и министерствата за надворешни работи на сите наши соседни земји за усогласување на критериумите кои ќе овозможат слободно и безбедно патување на граѓаните.

Слично

Поврзани вести