Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА ВО ПОТРАГА ПО ЧЛЕНОВИ НА УПРАВЕН И НАДЗОРЕН ОДБОР – голем дел од условите се веќе познати, еве што треба да исполните

ВЛАДАТА ВО ПОТРАГА ПО ЧЛЕНОВИ НА УПРАВЕН И НАДЗОРЕН ОДБОР – голем дел од условите се веќе познати, еве што треба да исполните

Владата преку јавен повик бара нови членови за управен и надозорен одбор на различни државни компании. Имено, се бара по еден член за управен одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта. Истовремено се бара еден член за Надзорниот одбор за контрола на материјално и финансиско работење на Јавното претпријатие за државни патишта.

Огласот е поставен на веб страната на Владата, и притоа е потенцирано потрагата се организира заедно со двете јавни претпријатија, на чии веб страни исто така е поставен огласот преку кој се бараат кандидати за овие позиции.

Согласно условите, член на Управниот одбор на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта може да биде лице кое е државјанин на Македонија, мора да има најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование. Кандидатите не смеаат да имаат судска пресуда забрана за вршење на професија, дејност или должност и треба да имаат најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење.

 Сите потребни документи треба да се достават до Архивата на Владата, или пак да се пратат по пошта. Одредени документи се бараат во оригинална форма, за што заинтересираните може да видат на веб страната на Владата.

За именување и разрешување на членови на У.О. и Н.О. одлучува Владата, а членовите имаат право на втор мандат.

Законот утврдува дека тие не смеат да имаат лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие.

-  Секој член на управен/надзорен одбор, е должен да го предупреди основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на надзорниот одбор.Неспојливи се функцијата претседател и член на управен/надзорен одбор на јавното претпријатие со функциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија– се потенцира во огласот.

Заинтересираните имаат само пет дена да е пријават, односно крајниот рок е 7 јули, или веќе во понеделник.

Според објавата на веб страната, активни членови на Управниот одбор на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта се Александар Стојанов кој е и Претседател на Управен Одбор, Кенан Абди Заменик претседател на У. О. Членови на У.О. во ова ЈП се Ивица Јорданов,  Тони Петрески, Оркам Исмани, Маја Додевска Пешевска и Ирфан Одаи.

Што се однесува пак до Н.О. на ЈП за државни патишта, таму согласно информациите на нивната веб страна, членови се Дејан Михајлов – Претседател на НО, Жанета Делова – Заменик преседател на НО и Ѓилѓис Сулејмани – член.

П.О.

Слично

Поврзани вести