Владата веќе потроши 80% од буџетскиот дефицит
Владата веќе потроши 80% од минусот за цела година. Буџетскиот дефицит во првата половина од годината надмина 224 милиони евра, покажуваат податоците за состојбата на буџетот во јуни.
Расходите се зголемуваат драстично повеќе отколу приходите во буџетот. Во јуни во однос на мај, Владата потрошила 10 милиони евра повеќе, а собрала само 6 милиони евра плус. Големо зголемување има во ставката стоки и услуги за кои што експертската јавност контиуирано алармира дека се најнетранспарентниот дел од владините трошења. Се зголемува и износот за отплата на внатрешните долгови, само за главница во јуни се одлеале 21.6 милиони евра, а за камати над 7 милиони евра.
За целата 2013 година Владата предвиде дека ќе биде буџетскиот дефицит ќе биде 287 милиони евра, што практично значи дека во следните шест месеци може да влезе во минус уште за 63 млиони евра, наспроти 224 милиони во првото полугодие.
Со оглед дека за економистите ова е невозможна мисија, сметаат дека на Владата и остануваат две опции: максимално да се возджи од непродуктивни трошењата до крајот на годината, или експресно да направи ребаланс на буџетот и да ги усогласи расходите со приходите. Секако, освен ако не планира диполнително да го зголемува буџетскиот дефицит над 3.5%.
Слично
