Владата утре наутро го испраќа во Собранието предлог-законот за членство во НАТО
Владата однапред одлучи да го ратификува конечниот договор за членство во НАТО. Предлог-законот се очекува да биде доставен од владините служби до законодавниот дом утре наутро. На последната владина седница беше усвоен текстот на нацрт-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година.
Постапката бара нејзино одобрување во Собранието и се очекува да стапи на сила откако ќе се објави во Службен весник. Предлог-законот ќе биде поднесен во Вашингтон, но откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за пристапување на земјата во Алијансата.
Ваквата одлука на Владата на Зоран Заев, следи по сложената политичка криза во Шпанија, а неизвесноста околу тоа дали социјалистичкиот лидер и актуелен премиер Педро Санчез, кој победи без мнозинството пратеници на изборите во ноември, ќе успее да формира влада.
Во меѓувреме, изборите во земјата се поизвесно е дека ќе се одржат на 12 април, што значи дека парламентот мора да се распушти на 11 февруари, 60 дена пред изборите. Не е јасно дали официјален Мадрид до тогаш ќе го одобри ратификувањето.
