Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА УСВОИ ИЗМЕНИ: Лиценците на градежните фирми ќе се проверуваат најмалку двапати годишно

ВЛАДАТА УСВОИ ИЗМЕНИ: Лиценците на градежните фирми ќе се проверуваат најмалку двапати годишно

Лиценците на градежните фирми ќе се проверуваат најмалку двапати годишно. Владата ги усвои измените на седум закони.

Со измени и дополнувања на седум закони ќе се утврди обврска минимум двапати годишно да се вршат проверки на сите фирми кои поседуваат лиценци, а кои се под надлежност на Министерството за транспорт.

„Имајќи ги предвид последните трагични случувања, сѐ има за цел вршење на почести контроли на сите иматели на лиценци, дозволи и одобренија односно овластувања. Имајќи предвид дека се издаваат многу лиценци, одобренија, дозволи или овластувања од страна на Министерството за транспорт овие законски измени имаат за цел да предвидат законска обврска двапати годишно да се врши таа проверка на сите иматели на лиценци издадени согласно Закон. Тоа секако не ја исклучува можноста да се вршат повеќе контроли односно почести од предвидените со закон, се со цел обезбедување на квалитетни услуги и сигурност на граѓаните кои се корисници на тие услуги од лицата иматели на лиценци“, соопштија од Владата.

Законските измени предвидуваат за следните контроли жалбата да не го одлага извршувањето односно суспензијата ќе оди веднаш.

Слично

Поврзани вести