Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата тврди: Анѓушев не ги прекршил законите со царината за литиумските акумулатори

Владата тврди: Анѓушев не ги прекршил законите со царината за литиумските акумулатори

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев не ги повредил законите во врска со одлуката за укинување на царинската стапка за литиумските акумулатори и нема правен основ за него да се поведува одговорност. Ова го утврдила Владата откако ја разгледувала иницијативата на антикорупционерите.

Од Владата, по вчерашната седница, соопштија дека по повод информација за поднесената иницијатива на Државната комисија за спречување на корупција за поведување постапка за утврдување одговорност на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, го утврдиле нивниот одговор кој ќе биде испратен до ДКСК. 

„Во текстот на одговорот се наведува дека точката Предлог-одлука за укинување на царинската стапка за електрични јон-литиумски акумулатори била повлечена од 29-тата седница на Владата на 26 септември и повторно била вратена на усвојување на 36-тата седница на 7 ноември, откако во меѓувреме заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев со писмен поднесок ја информирал владата дека се иззема од учеството за донесување на предлог-одлуката. Во образложението за оваа точка утврдено на оваа седница се истакнува дека членовите на Владата немаат неограничени овластувања и моќ и дека нивните поединечни овластувања се контролирани од Владата како колективен орган, согласно Уставот и Законот за Влада, и дека во овој случај не е утврдена повреда на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, поради што нема правен основ за поведување одговорност“, се вели во владиното соопштение. 


Слично

Поврзани вести