Владата спремна да ги објави записниците за петте историски личности
Комисијата за историски прашања од 14 записници има решено три, a дека имаат аспирација да ги решат останатите 11 записници. Ова го кажа премиерот Зоран Заев.
Тој вели дека работата оди во една пријателска атмосфера и за него тоа е сигнал дека сите се трудат да прават напредок.
„Нашата Влада од досега усвоените записници е подготвена на некоја од следните седници да ги објави записниците за петте историски личности, односно трите историски периоди за да испратиме порака, дека веднаш после тоа започнуваме со импелемнатција на учебниците за 2021-22 година и од бугарска и од македонска страна, за сето она што е поврзано со Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски. Сега се потребен, вистински европски чекор на пријателство, кое што ќе даде задолжение и кај нас и кај нив, за уште повеќе да работиме на градење на тоа пријателство што сакаме да го видиме и во Република Северна Македонија и во Република Бугарија“, изјави Заев.
Денеска и утре историчарите имаат онлајн средби. Заев изјави дека е постигнат напредок. Од тоа дали ќе има решение ќе зависи и дали ќе биде деблокиран процесот на преговори на земјава со ЕУ.
фото МИА
