Владата соопшти во кој од 15-те града ќе слави Заев
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе присуствува на големата граѓанска прослава ,,Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ“, во Битола, соопштија денеска од Влада.
Во 21:15 часот, пред хотел „Епинал“ во Битола, премиерот Зоран Заев ќе даде изјава за медиумите, се вели во соопштението.
Во Битола според програмата ќе настапат неколку локални диџеи и Дуке Бојаџиев.
Освен Битола, прослава за поканата од НАТО и почеток на пред-рпистапни преговори ќе има во уште 14 градови низ Македонија.
Слично
