ВЛАДАТА СО ПОДДРШКА ЗА МЕДИУМИТЕ - од порталите ќе ја добијат само оние со веродостоен импресум и редакција
Владата дава поддршка за новинарите и медиумските работници, со цел тие полесно да се справат со последиците од коронакризата и да останат на првите борбени редови, каде што и сега се наоѓаат. Таа донесе одлука за 100 отсто покривање на придонесите од плата на вработените во телевизиите, радијата, печатените медиуми, како и на електронските интернет портали.
Донесена е одлука за 100 отстотно покривање на придонесите од плата на вработените во медиумите и медиумските куќи, вклучувајќи ги тука телевизите, радијата, печатемните медиуми, како и електронските интернет портали. Времетраењето за кое ќе важи оваа одлука се изедначува со времетраењето на вонредната состпојба, а започнува веднаш по нејзиното укинување.
Одредени се неколку услови со кои се заштитуваат токму работниците, на предлог на независниот медиумски синдикат.
„Прво, оваа мерка ќе можат да ја искористат само оние медиуми кои за време на кризата не отпуштиле ниту еден работник поради кризата, а тоа право ќе го немаат и за времетраењето на субвенцијата, или нема да можат да отпуштаат ниту еден вработен најмалку во следните три месеци. Второ, оние медиуми кои поради кризата ги намалиле платите на одредени или сите вработени, за да можат да ја искористат субвенцијата, ќе мора да ја вратат платата на нивото од пред почетокот на вонредната состојба. И трето, право на оваа мерка ќе имаат медиумите кои имаат најмалку тројца постојано вработени работници. Со ова поддршката ќе мстигне токму за оние за кои е наменета, а тоа се новинарите и медиумските работници“, рече вицепремиерот Бујар Османи.
Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, им се заблагодари на сите новинари и медиумски работници, кои, како што рече, заедно со нашите херои, здравствените работници, полицијата и армијата, се на првите борбени линии во време на оваа тешка светска пандемија.
„Прво сакам да ви се заблагодарам на сите, кои ја имате храброста, но и професионално достоинство и дигнитет, и кои одлучно и одважно заедно со сите граѓани застанавте во одбрана и во справување со ова зло на современото човештво. Притоа, вашиот начин на презентирање на информациите, професинален и етички, многу значи за вистината да допре до граѓаните, и верувам дека со уште поголем ангажман и амбиции ќе продолжите така и понатаму“, рече Поповски.
Според него, во изминатите три години оваа Влада како еден од столбовите ја има поддршката на медиумите, а притоа никако не направила никаква селективност, ниту се случило некого да привилегира, а некого да хендикепира. Токму во таа насока е и вчерашната Уредба со законска сила што ја усвои Владата за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување на вработените во медиумите.
Критериумите, нагласува Поповски, се многу јасни и прецизни за сите медиуми кои треба да ја добијат оваа поддршка, а биле изработени во целосна консултација со Самостојниот синдиокат на новинарите и новинарските здруженија, и всушност била донесена на нивни предлог. Оваа уредба, бидејќи ги опфаќа сите медиуми, се базира на начинот на кој тие се регулирани или регистрирани согласно позитивните законски прописи во земјава.
Кога станува збор за телевизите, тоа значи дека ваква поддршка можат да добијат медиумите кои имаат дозвола за телевизиско или радиоемитување дадени од АВМУ и се регистрирани во Регистерот на телизизии и радија во Агенцијата. Потоа, печатените медиуми од општ информативен карактер кои објавуваат содржини насочени кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички, економски, социјални и културни прашања, регистрирани на територијата на РСМ и кои се регистрирани во регистарот на издавачи на печатени медиуми во АВМУ.
„И, ова е многу значајно, поддршка ќе добијат електронските медиуми или порталите, кои имаат веродостоен импресум, уредник, редкција, контакт податоци и адреса, да имаат регистрирано правно лице во РСМ, и транспарентно да ја декларираат својата сопственост“, нагласи министерот Поповски.
Субвенционирањето ќе биде стопроцентно за три месеци, јуни, јули и август. Притоа, многу е значајно сите медиуми да ги имаат платено сите давачки кон државата.
„Го вметнавме и критериумот медиумите да имаат најмалку тројца вработени, бидејќи сметаме дека така ќе се селектираат сите оние кои во медиумската сфера работат професионално“, потенцира Поповски. .
Со оваа Уредба продолжува поддршката на Владата кон медиумите, изготвена врз основа на долги и темелни консултации со сите чинители во медиумската сфера.
Сето ова е врз основа на непарична помош, онака како што бараа најголемиот дел од новинарските здруженија.
Медиумите можат да ги користат и сите мерки кои се содржани во трите сета владини економски мерки за поддршка на стопанството, особено мерката од првиот пакет каде се субвенционираат трошоците за придонесите од 14.500 денари.
Според Поповски, треба да се спомене и дека оваа Влада не го направи она што го направија други земји, односно не донесе Уредба за информирање за време на вонредна состојба, само повика на професионалност и етичност во работењето, и максимално транспарентно се однесува кон оваа светска криза, која никој не ја очекуваше.
Од Владата сметаат дека на овој начин ќе се борат и против лажните вести. Оттаму велат дека се згрозени од нив и од наменската пропаганда, која сега најсилно ја почувствуваме. Оваа закана од општествен, прераснува во безбедносен, а сега и здравствен проблем. Најбитно е, велат од Владата, сега да им се даде поддршка на медиумите, конкретно за новинарите и медиумските работници, кои рамо до рамо со здравствените и безбедносните служнби, се на прва линија во борбата со пандемијата. Од Владата сметаат дека постигнале пристојно решение како Владата да обезбеди поддршка за медиумите.
За жал, загрижува податокот што лажните вести се уште пенетрираат.
„Поразувачки е податокот дека 10 отсто од граѓаните, а можеби и повеќе, во земјава се уште мислат дека коронавирусот не постои, а над 40 отсто сметаат дека е измислен во лабораторија. Имаме заедничка задача вистинските информации да допрат до секој граѓанин. Да најдеме начин и канал да стигнат до секого, луѓето мора да ја знаат вистината. Лажните вести имаат цел да ја дестабилизираат државата, но во овој случај се директна закана за здравјето и животите на граѓаните. Сега не ми е незгодно да ве замолам, и апелирам, оставете ги сите други било какви интереси настрана, да се фокусираме да ги информираме граѓаните, заедно да се справиме со овој втор бран од пандемијата. Таа не познава национални, весрски, политички или било какви други разлики. Бидејќи, се додека имаме граѓани кои сметаат дека пандемијата не е опасна, дека мерките не треба дасе почетуваат во целост, дека нив тоа нема да им се случи, имаме голем проблем, и заеднички страдаме сите“, беше дециден министерот Поповски.
Вчера и ЕУ излезе со сет мерки за борба против лажните вести и медиумската пропаганда, а ние како држава мора да ги следиме европските трендови и да се бориме против оваа закана.
На новинарското прашање за тоа дека интернет порталите не се регулирани, Поповски објасни дека во оваа сфера најмногу се појавиле лажни вести, па од тие причини јасно се наведени критериумите што мора да ги исполнуваат интернет порталите за да ја добијат оваа поддршка.
Н.Н.Ф.
