Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каков план „скрои“ Владата за вработување на младите?

Каков план „скрои“ Владата за вработување на младите?

Македонската влада ќе преземе серија мерки за намалување на невработеноста, а посебно кај младите во Македонија, кои се` почесто се одлучуваат да ја напуштат државата во потрага по подобар живот. Па така, Владата на вчерашната седница го прифати Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година. Со него, според Владата, се става поебен акцент на младите невработени лица до 29 години.

- Со оперативниот план ќе се создадат услови за создавање нови работни места, поддршка за креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица - порачуваат од Владата.

Македонија се соочува со голема невработеност, а посебно кај младите, и се наоѓа меѓу земјите со најголем број невработени лица во регионот, но и во Европа.


Слично

Поврзани вести