Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата со дополнителни мерки пред новиот топлотен бран

Владата со дополнителни мерки пред новиот топлотен бран

Влада на денешната седница донесе дополнителни мерки пред новиот топлотен бран кои ќе траат од понеделник до среда, на препорака на Министерството за здравство за портокаловата фаза.

„Согласно ова, Владата донесе дополнителни мерки за превенција, и тоа:

1. Oслободување од работни обврски за најралнивите групи на населениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години во периодот од 12.08.2024 до 14.08.2024 година (понеделник, вторник и среда). Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

2. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. 

3. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

4. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници“, објави Владата.


Слично

Поврзани вести