Владата со демант: Заев се сретна со Порошенко
Владата го демантираше пратеникот Антонио Милошоски дека премиерот Зоран Заев никогаш не се сретнал со Петро Порошенко како украински претседател на Светскиот економски форум во Давос лани. Вчера Заев објави дека претходно се сретнал со Порошенко па затоа наседнал кога наседнал во разговорите со руските пренкстери претставуваќи му се по телефон дека се поранешниот претседател на Украина. Потоа Милошоски излезе со тврдење дека Заев не ја зборува вистината и дека немало такво нешто на официјалната агенда.
„Премиерот Зоран Заев имаше средба со поранешниот украински претседател Петро Порошенко во рамки на заедничкиот ручек на шефови на држави и влади на економскиот форум во Давос. Работните ручеци во рамки на форумот во Давос не се отворени за јавност и затоа не се известува со соопштение од нив“, истакнуваат од Владата.
Средбата се случила во јануари годинава, но Милошовски тврдеше дека информациите му се потврдени „од релевантни извори во македонското Министерство за надворешни работи“.
