Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Владата смета дека минималната плата треба да се усогласи за 25 евра, 5.200 денари под прагот за сиромаштија“: ССМ не се откажува од барањата

„Владата смета дека минималната плата треба да се усогласи за 25 евра, 5.200 денари под прагот за сиромаштија“: ССМ не се откажува од барањата

- Стапката на сиромаштија во Македонија во 2024 година изнесувала 21,9 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Прагот на сиромаштија е утврден на 374.400 денари годишно, односно околу 6.100 евра. Тоа значи дека едно четиричлено семејство месечно треба да располага со најмалку 31.200 денари за да не се смета за сиромашно - се укажува во последната објава на Сојузот на Синдикати на Македонија. 

Од ССМ додаваат дека „Владата смета дека минималната плата треба само да се усогласи за околу 25 евра и истата да изнесува околу 26.000 денари или за 5.200 денари под прагот за сиромаштија“.

- Тие сакаат работниците да одат на работа, а да се сиромашни. Се уште се прашуваш дали треба да ни се придружиш на протестите? - стои во нивната објава на социјалните мрежи. 

Првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов пак потенцираа дека 16 илјади работници добиваат плата пониска од минималната. 

- Според последните податоци од УЈП повеќе од 16.000 работници примаат плата под 23.000 денари што е многу загрижувачки.

Но што ако тие 16.000 работници излезат на улица и бараат зголемување на нивните плати, има ли таков што ќе ги одбие?

Моќта е во работниците, но треба да сакаат да ја искористат, а ако не протестираат, другите мислат дека се задоволни и со таа плата - потенцира Трендафилов. 



Слично

Поврзани вести