Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата се задолжи за да се раздолжи

Владата се задолжи за да се раздолжи

Ново милионско задолжување реализираше денеска Владата.

Новиот долг изнесува 49,4 милиони евра а Министерството за финансии парите ќе ги потроши на раздолжување за долгот кој веќе достасува утре.

Економистите во поглед на ова прашање се со различен став.

Поранешниот  министер за финансии Џевдет Хајредини за Алсат вели дека на земјава воопшто не и е потребно ново задолжување додека Петар Гошев пак смета дека во овој момент заради слабото полнење на државната каса и недостигот од пари, нормално е ново задолжување и издавање на еврообврзница која е најавена уште со носењето на Буџетот за 2017 – та година.

Во мецес мај од Владата имаат најавено уште две аукции, со што  вкупниот износ за кој ќе се задолжи Владата за овој месец е околу 70 милиони евра.  

Слично

Поврзани вести