Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата се задолжи со нови 4 милиони евра

Владата се задолжи со нови 4 милиони евра
Владата повторно се задолжи со нови 4 милиони евра. По вчерашната аукција на тримесечни државни записи во државната каса се собраа точно 4 058 441 евра за кои владата ќе плаќа камата од 3,9% . Веќе за следниот вторник е закажана нова аукција. Ден потоа – односно на 17 октомври,  по основ на доспеани државни записи, Владата треба да исплати 48,5 милиони евра.  Неколку недели по ред, откако објави дека ќе запре со задолжување во странството,  Владата преку аукции на домашен терен ја болни буџетската каса,  а во исто време со новите приливи ги враќа долговите по основ на доспеани записи.
Слично

Поврзани вести