ВЛАДАТА СЕ ПРЕМИСЛИ: Наместо Мехмеди за директор на М-НАВ го предлага Хекуран Асани
Утврдено е дека првичниот предлог, Илир Мехмеди, не ги исполнува условите за функцијата за која го предлага Владата. Новиот предлог – Хекуран Асани, е активен контролор на летање во М-НАВ и, според проверките, ги исполнувал барањата предвидени со Статутот на М-НАВ.
Тој е активен контролор на летање во М-НАВ и, според проверките, ги исполнува барањата наведени во член 17 од статутот на акционерското друштво во државна сопственост М-НАВ, односно има валидна дозвола за надзорен контролор за летање и најмалку шестгодишно работно искуство како контролор.
Пред неколку дена имаше упад во контролата на летање и сите политички чинители бараа Владата да преземе мерки.
Слично
