Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата реши - Смената на Зврлевски сега зависи од Собранието

Владата реши - Смената на Зврлевски сега зависи од Собранието

На денешното продолжување на седницата на Владата на Република Македонија е усвоена одлуката за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски и сега ќе биде доставен предлог до Собранието да се отпочне постапка за гласање за негова смена од позицијата. 

Станува збор за поведување на процедура по членот 67 од Законот за јавно обвинителство според кој Зврлевски ќе биде разрешен по основ на незаконито, ненавремено или недоволно стручно вршење на функцијата, поради нарушување на угледот на функцијата и неподнесување барање за покренување на кривична постапка за случаи предвидени со закон.

Јавниот обвинител на Република Македонија има право да присуствува на седницата на Собранието на Република Македонија и да се произнесе по предлог на Владата на Република Македонија за негово разрешување, па останува да видиме дали Зврлевски ќе одбере да каже нешто во негова одбрана или веќе го прифатил фактот дека време е да ја напушти позицијата. 

Оваа одлука на Владата доаѓа откако беше добиено позитивно мислење и од Советот на јавни обвинители за разрешувањето на Марко Зврлевски пред да му истече мандатот.

Автор: Христијан Станоевиќ

Слично

Поврзани вести