Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата размислува – наместо по Коридор 8 да возиме по „Мајка Тереза“

Владата размислува – наместо по Коридор 8 да возиме по „Мајка Тереза“
Владата размислува , но досега не е донесена одлука за преименување на Коридорот 8, со името на хуманитарката Мајка Тереза, вели владиниот портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев на написите во повеќе медиуми за именување на Коридорот. „Нема одлука за именување на Коридорот 8 со името Мајка Тереза. Во моментот постои размислување за тоа. При евентуална расправа и одлучување по однос на ова прашање ќе информираме за тоа“, вели Ѓорѓиев во изјавата за МИА. Покрај за Коридорот 8, македонската Влада размислува ликот на  Мајка Тереза да се најде на една од новите банкноти, објави Утрински во деншното издание, а врз основа на изјава на премиерот Никола Груевски дадена за индискиот весник „Тајмс оф Индија”. „Веќе ги изгравиравме некои од најдобрите цитати и пароли на Мајка Тереза на бронзени плочи кои ги поставивме на прометни улици и згради, со цел секој минувач да научи нешто од нив. Веќе поставивме 17 такви плочи низ Скопје и во наредниот месец ќе инсталираме уште 22. Ќе го спроведеме истиот проект и во Македонија“, изјавилГруевски за индискиот весник. Во истиот весник, премиерот зборувал и за Коридорот 8. „Еден од најважните автопатишта во регионот, долг околу 300 километри е именуван по Мајка Тереза. Тој го поврзува Скопје со Бугарија и со Албанија. Дел од него веќе постои, а дел ќе треба да биде доизграден до 2017 година“, објаснува премиерот за Индијците.
Слично

Поврзани вести