Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА ПРОВЕРУВА - дали се хакирани мејловите на Финансии и Економија, засега нема докази

ВЛАДАТА ПРОВЕРУВА - дали се хакирани мејловите на Финансии и Економија, засега нема докази

После јавното објавување на стари службени е-маил адреси и лозинки на министерствата за финансии и за економија, Владата реагираше, известувајќи ја, како што велат, јавноста за фактите поврзани со објавените податоци.

„Се работи за листа од неколку адреси и лозинки од поранешен систем за службени е-маил адреси на министерствата за финансии и за економија. Дел од е-маил адресите не се во функција повеќе години бидејќи нивните корисници не работат веќе во министерствата, а лозинките на сите објавени е-маил адреси се стари и се променети пред повеќе од 7 години и во тие сандачиња не може да се пристапи преку објавените лозинки. И во двете министерства, од тогаш се обновени системите за службена електронска пошта и се поставени протоколи со сложени шифри за службените е-маил адреси, како и други протоколи за сајбер безбедност на системите, со кои се намалува ризикот и веројатноста системот да биде компромитиран“, велат од Владата.

Во моментов, нагласуваат, немаме докази дека системите за електронска пошта на министерствата се хакирани во скоро време, ги испитуваме сите детали поврзани со овој случај.

„Владата константно работи на обнова и зајакнување на ИТ системите во институциите и ја изработи првата Национална стратегија и акциски план за сајбер безбедност“, потенцираат од „Илинденска“.

Слично

Поврзани вести