Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена

Владата донесе одлука за постоење на кризна состоjба во рок од 30 дена, поради „судир на интереси за користeње на изворите и патиштата на стратегиските енергенси како и попречување и блокирање на нивниот увоз во Републиката“, како што се наведува во актот.

Со оваа одлука се утврдува постоење на кризна состоjба на целата територија. бјавено е дека со денот на влегувањето во сила на оваа одлука се активира Главниот Штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање заради следење на мерките и активностите и координирано дејствување.

- Со одлуката на владата се задолжуваат органите на државна управа да преземат мерки и активности за справување со состојбата и надминување на последицата од судир на интереси за користење на изворите и патиштата на стратегиските енергенси како и попречување и блокирање  на нивниот увоз во Македонија, стои во одлуката.


Слично

Поврзани вести