Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата, претседателот и сите државни институции ги откажаа денешните настани - причина е трагичниот настан во Тетово

Владата, претседателот и сите државни институции ги откажаа денешните настани - причина е трагичниот настан во Тетово

Се откажуваат сите владини и други настани кои беа предвидени за текот на денешниот ден, а причина е ужасната несереќа во тетовската модуларна болница, во која загинаа најмалку 14 лица. 

Како што соопштија од Кабинетот на Претседателот на државата Стево Пендаровски, тој ги откажа настаните поради трагичниот настан во Тетово

„Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, поради трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, известува дека се откажуваат најавените настани по повод 8 Септември, Денот на независноста“, се вели во соопштението од кабинетот на шефот на државата. 

И од Владата соопштија дека за денеска се откажува настанот за прогласување на Шара за национален парк. 

Планираната јавна актиовност за денеска ја откажува и министерката Мила Царовска.

„Ве известуваме дека посетата на министерката за образование и наука Мила Царовска на ОУ "Димитар Поп Георгиев Беровски" во општина Ѓорче Петров, која беше предвидена за денес во 10:00 часот, се откажува. Примете го нашето извинување, за нов датум и час на посетата, навремено ќе бидете информирани“, стои во соопштението од Кабинетот на Царовска.

И ФИТР го откасжа настанот.

„Поради вчерашниот трагичен настан во модуларната болница во Тетово, се откажува прес конференцијата на Фондот за иновации и технолошки развој, која беше најавена за денес во 10 часот“, се вели во соопштението.

Слично

Поврзани вести