Владата предложи амандман со кој задолжницата останува на доброволна основа
Владата го исполни барањето на бизнис заедницата во земјава и донесе одлука за укинување на задолжителната задолжница.
На денешната седница на која на дневен ред е Законското решение со кое задолжницата стануваше задолжителна, Владата предложи амандман со кој таа сепак останува на доброволна основа.
Барањата на бизнисмените задолжницата да остане доброволен инструмент во деловните трансакции меѓу фирмите и утврдување повисок граничен паричен износ за издавање на задолжница, не беа вметнати во Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за задолжница кој денеска е на расправа во Собранието и собраниската комисија за финасирање и буџет.
Претходно најавено беше дека Владата ќе предложи амандман со кој во законот ќе се вметне дека задолжницата и натаму останува како доброволен изнструмент.
Предлагачот на законот, министерстото за финасии, во предложениот текст на измените на Законот за задолжница кој е на расправа пред пратениците, само ја одлага примената на задолжителната задолжница од 1 јануари до 1 април идната година и предложи воведување на кумулативна задолжница.
Бизнисмените организирани во трите комори пред некој ден побараа Владата во последните измени на Законот за задолжница, овој инструмент за регулирање на должничко-доверителните односи меѓу фирмите да остане доброволен, бидејќи сметаат дека компаниите ќе имаат дополнителни трошоци.
Слично
