Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата почна постапка за одземање на државјанството на Онишченко

Владата почна постапка за одземање на државјанството на Онишченко

Владата иницира постапка за одземање на државјанството на Александр Онишченко.

Владата ја информира јавноста дека во согласност со членот 14 од Законот за државјанство на Република Северна Македонија, побара да започнат активности за поништување на решението за прием во државјанство на Северна Македонија за лицето Александр Онишченко.

„Владата го иницираше барањето за одземање на државјанство на Онишченко, по одржаната владина седница на којашто Агенцијата за национална безбедност информираше за случајот“, соопштија од Владата. 

Станува збор за контроверзен украински бизнисмен кој е на црната листа на САД.

Премиерот Димитар Ковачевски претходно изјави дека мора да има одговорност за издавањето на македонско државјанство на Онишченко. 

Но, за Слободен печат, бизнисменот тврдеше дека престојувал во Скопје и самиот легално ја средил процедурата. 

Сепак, газдата на куќата на чија адреса е заведен тој, бурно реагираше кога пред врата му дојде новинарска екипа и нападна снимател. 

Слично

Поврзани вести