Владата откажа настан на Мицкоски во Аеродром
Владата објави дека е откажан денешниот настан на кој премиерот Христијан Мицкоски требаше да изврши увид во градежните активности на мултифункционалниот центар во Општина Аеродром
„Почитувани, Ве известуваме дека денес 09.12.2025 година (вторник) СЕ ОТКАЖУВА настанот закажан во Општина Аеродром“, објави службата за односи со јавност на Владата, без при тоа да прецизира кои се причините.
Денеска Мицкоски требаше да изврши увид во градежните активности за реконструкција и целосно уредување на нов мултифункционален центар, кој се наоѓа во непосредна близина на СЦ „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче, Општина Аеродром.
Беше предвидена и изјава за медиуми.
Премиерот рано утринава се сретна со Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.
„Остварив средба со Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт“, информираше Мицкоски во објава на социјалните мрежи денес изутрина.
