Владата одобри заем од Елем и Мепсо за плати во железници
Вработените во Македонски железници Транспорт АД Скопје ноемвриската плата ќе ја земат преку Владата .
Оваа одлука вчера е донесена на владина седница на која е одобрен заем од ЕЛЕМ и Мепсо за финансиски средства за исплата на ноемвриската плата на Македонски железници .
Според она што е соопштено од владината прес-служба, на седницата Владата ја прифатила одлуката од УО на АД за производство на електрична енергија Електрани на Македонија и одлуката на УО на АД МЕПСО Скопје со кои се одобрува барањето за заем доставено од Македонски железници Транспорт АД Скопје.
Слично
