Владата одлучи – со 130 километри на час по „Мајка Тереза“ и по „Гоце Делчев“
Коридор 8 сепак ќе се именува по нобеловката со потекло од Македонија, Мајка Тереза. Како што пренесе порталот „Курир“, ова е направено по предлог на премиерот Никола Груевски, а одлуката ја донесе владата. Порталот пишува дека покрај Коридорот 8, по предлог на Груевски и автопатот Скопје-Штип да се именува Гоце Делчев.
Коридорот 8 ја врзува Крива Паланка со Куманово, и од Скопје-Тетово-Гостивар-Кичево-Охрид-Струга стигнува до граница со Албанија.
Пред да дознаат македонските граѓани, за преименувањето на коридорот дознаа Индијците. Премиерот Никола Груевски ингормацијата ја даде за индискиот весник „Тајмс оф Индија”.
„Еден од најважните автопатишта во регионот, долг околу 300 километри е именуван по Мајка Тереза. Тој го поврзува Скопје со Бугарија и со Албанија. Дел од него веќе постои, а дел ќе треба да биде доизграден до 2017 година“, објаснуваше премиерот за Индијците.
Пред неколку дена владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев изјави дека Владата само размислува , но не била донесена одлука за преименување на Коридорот 8.
Слично
