ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Прогласена кризна состојба во Македонски Брод и Чашка
Владата за поефикасно гаснење на пожарите, прогласи кризна состојба во две општини Македонски Брод и во Чашка.
Во овие места со денови има активни пожари, кои ги пустошат шумите и се закануваат на населените места.
„Анализирајќи ги сите состојби пред се од сите релевантни фактори, коишто се вклучени во пожарите, ДЗС, ЦУК, ЈП „Македонски шуми“, МЗШВ, односно шумската полиција, донесовме одлука на Владата со којашто прогласивме кризна состојба којашто ќе трае 30 ден“ - изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Нагласи дека се очекуваат временски услови со високи температури и затоа ќе работат на целосно гасење на пожарите.
Спасовски вели дека нема место за паника, а институциите се координираат. Тој ги повика граѓаните доколку има пожар некаде да пријават навремено.
