ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Познато кога ќе се тргне оградата околу Владата
Ќе се тргне оградата околу Владата.
Владата денеска на редовна седница одлучи да се отстрани железната ограда околу зградата на Владата. Ова се прави со цел да се ослободи целосно јавниот простор околу објектот и да стане подостапен за користење од страна на граѓаните.
Отстранувањето на оградата околу Владата беше едно од предизборните ветувања на оваа власт.
СДСМ смета дека оградата беше симбол на груевизмот и симбол на узурпацијата на јавните простори за време на неговото владеење.
Сега ќе се реализира ветувањето дадено пред две години.„Владата е целосно отворена, министрите постојано имаат контакт со граѓаните, внимаваме на безбедносните мерки. Оградите се симнати со нашето доаѓање на власт, но очекувам и целосно отстранување на оградата околу зградата на Владата“, изјави премиерот Зоран Заев во текот на минатата година.
Заобиколувањето на владиниот објект со бетонски столбови и метална ограда е направено во септември 2015 година, и за оваа цел се потрошени 700.000 евра од државниот буџет.
