Владата одлучи да обезбеди гласачки места за граѓаните со бугарско државјанство
Министерството за внатрешни работи е задолжено да изготви план за обезбедување на дополнителните гласачки места за граѓани со бугарско државјанство заради спроведување на изборниот процес за парламентарните избори во Република Бугарија на 4 април надвор од дипломатско конзуларните претставништва на оваа земја во Република Северна Македонија.
Одлука со ваква содржина е донесена на вчерашната владина седница за која од Владата известија доцна вечерта.
Бугарските власти тврдат во последниот период дека има над 100.000 граѓани со бугасрко државјанство во Македонија и дека ним не им се пчитуваат сите права.
Слично
