Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Предлог-законот за висока раководна служба оди во Собрание

ВЛАДАТА ОДЛУЧИ:  Предлог-законот за висока раководна служба оди во Собрание

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата го утврди текстот на Предлог - законот за висока раководна служба. 

Целта на законот е да се воспостави високата раководна служба заснована на начелото на стручност и заслуги, како механизам за подобрување на организациските капацитети и зајакнување на доброто управување во институциите на јавниот сектор, со што едновремено ќе се направи јасна разлика помеѓу политичките избрани и именувани лица и администрацијата. 

Предлог – законот е во насока на професионализација на високата раководна служба како еден од клучните предуслови за унапредување на организациските капацитети и зајакнување на доброто управување во институциите на јавниот сектор. 

Слично

Поврзани вести