Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата образложи зошто е разрешен Стојко Пауновски

Владата образложи зошто е разрешен Стојко Пауновски

Oд Владата и официјално излегоа со информација дека на денешната седница е разрешен директорот на Државниот пазарен инспекторат(ДПИ), Стојко Пауновски. 

На Фејсбук објавија дека тој е разрешен поради непрофесионално однесување. 

„Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат (ДПИ) според кој Владата го именува и разрешува директорот на ДПИ, на денешната седница Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на ДПИ, поради неговото непрофесионално однесување. Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според законот за Државен пазарен инспекторат“, соопштија од Владата. 

Разрешувањето на Пауновски доаѓа откако тој изминативе денови му се спротивстави на премиерот Зоран Заев поради 32 вработени што му ги доделила Владата.

Тој рече дека не може да ги преземе во Државниот пазарен инспекторат сите 32 вработени што му ги определила Владата, туку само оние кои имаат соодветно образование, по што премиерот му се закани со смена.

Во изјава за Телма, Пауновски рече дека ова за него било очекувано. 

Слично

Поврзани вести