Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА НЕМА РАЗМИСЛУВАНО ДА ГИ ПОВЛЕЧЕ НАШИТЕ ЧЛЕНОВИ - мешовитата историска комисија треба да продолжи со работа

ВЛАДАТА НЕМА РАЗМИСЛУВАНО ДА ГИ ПОВЛЕЧЕ НАШИТЕ ЧЛЕНОВИ - мешовитата историска комисија треба да продолжи со работа

Македонската Влада нема размислувано да ги повлече нашите членови од Мешивитата македонско бугарска комисија за разрешување на отворените прашања со Бугарија. 

Ова денеска на пресконференција децидно го потврди владиниот портпарол Душко Арсовски.

Тој рече дека Владата смета дека Комисијата е многу важен сегмент за решавање на проблемите и очекува дека таа ќе продолжи да изнаожа решенија, како што вече тоа го сторила со пет историски личности и три историски настани. 

„Владата има јасна определба да му даде шанса на овој процес и на тоа работиме заедно со меѓународните сојузници, меѓу кои Германија. Во вакви услови на предизвици, јасно е дека македонскиот национален идентитет е невозможно да биде предмет на преговори. Владата нема да се откаже д нашето право на самоопределување“, рече Арсовски, додабајќи дека нема информации за наредна средба која би се одржала меѓу македонскиот и бугарскиот премиер Зоран Заев и Бојко Борисов. 

На прашањето дали се размислува за градење на единствен национале став, Арсовски беше прецизен дека лидерска средба на оваа тема нема да има.

„Лидерска средба не е предвидена, Владата смета дека од тоа нема потреба. Нашите позиции се јасни, а ако некој сака да помогне, нашата порака до сите политички чинители е да се однесуваат конструктивно и така да учествуваат во дебатата, а не да се однесуваат деструктивно со говор на омраза“, рече Арспвски. 

Прашан кога е новиот рок кога би се одржала меѓувладината конференција, Арсовски рече дека е неблагодарно да се прогнозира времето.

„Разговорите и преговорите траат непрекинато, тие се случуваат и сега, така што сметаме дека тоа е јасна стратегија на земјава, дека не се откажува од тој пат. Сметаме дека договорот за добрососедство е одлична рамка и дава можност за решение и дека треба да продолжи со работа Мешовитата комисија. Исто така, важно е дека германското претседателство даде сигнали дека до крајот на годинава може да се одржи меѓувладината конференција“, нагласи Арсовски. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести