Владата нема повеќе да купува производи со пластика
Владата донесе одлука повеќе да не набавува производи кои содржат пластика за своите потреби. Ова било разгледано и усвоено како Информација за престанок на користење на пластична амбалажа во органите на државната управа на синоќешната седница во Куманово.
Службата за општи работи и услуги при набавките за потребите на Претседателот на Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија, министерствата и органите во состав, секретаријатот и други стручни служби на Владата на Република Северна Македонија и Уставниот суд на РСМ, е задолжена да не набавува вода и други пијалаци во пластична амбалажа.
Покрај тоа нема да купува шеќер во пластични пакувања, пластични лажички за мешање на кафе и други пијалаци, пластични сламки, пластични чаши и прибор за еднократна употреба.
