Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата нема коментар за предмет на антикорупциска поврзан со Арбр Адеми

Владата нема коментар за предмет на антикорупциска поврзан со Арбр Адеми

Портпаролот на Владата на РСМ,  Муамет Хоџа на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека Владата нема да коментира одлуки на независното тело Антикорупциска. Според него се што ги интересирало новинарите поврзани со министерот за образование и наука Арбер Адеми требало да мусе обратат нему.

Инаку, вчера за порталот Факултети.мк, министерот Адеми истакна дека тие се за почитување на сите законски прописи и во оваа постапка која била спроведувана од страна на Универзитетот бидејќи тие се надлежни да распишуваат конкурси за избор и реизбор, напоменувајќи дека ќе инсистираат на доследна примена на сите законски прописи.

Државната комисија за спречување корупција ќе истражува дали министерот за образование и наука Арбер Адеми незаконски е избран во наставно-научно звање доцент на Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово во 2017 година, додека сѐ уште бил министер без ресор во Владата


Слично

Поврзани вести