Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата нема да бара оставки

Владата нема да бара оставки

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со распределбата на грантовите од Фондот за иновации и технолошки развој на фирми поврзани со владини функционери, рече дека јавниот интерес во моментов е заштитен во Република Македонија.

- Премиерот Зоран Заев повика да се испитаат сите случаи и доколку се покажат одредени неправилности секој во оваа држава треба да одговара согласно законските прописи и процедури, рече Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање на денешната пресконференција во Владата. 

Тој посочи дека ставовите што вчера ги изнесе директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски се идентични со ставовите на Владата на Република Македонија. 

Слично

Поврзани вести