Владата негира дека Грците го меркаат „воинот на коњ“
По клинчот во соседна Грција околу така наречена размена на скулптури се огласи и Владата.
Од Владата посочуваат дека засега од страна на Грција нема никаква иницијатива да се разменуваат споменици меѓу двете земји и овие информации ги сметаат како шпекулации.
Утринава во грчките медиуми осамнаа наслови дека министерката за култура на Грција предложила споменикот „Воин на коњ“ да замине за Атина, а атинскиот „Тркач“ да пристигне во Скопје.
Клинч во Грција за тоа дали позната скултура од Атина да се размени со „Воинот на коњ“
Фото: Македонија 365
Слично
