Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата не сака повеќе да се прогласуваат Национални уметници

Владата не сака повеќе да се прогласуваат Национални уметници

Владата подготвува нов предлог закон со кој планира да се укине доделувањето на титулата Национален уметник која што досега ја доделуваше претседателот Ѓорге Иванов за заслужни луѓе во областа на уметноста при што истите добиваа и високи финансиски примања.

Според првичниот владин предлог кој ќе треба да помине во Собранието досегашниот закон создавал нерамноправен третман помеѓу националните уметници и другите вработени во културата, кои имаат примања во многу помал износ од просечната плата во Република Македонија.

Титулата Национален уметник ја доделува претседателот на Република Македонија, врз основа на предлог од министерот за култура, а по претходно мислење на комисија. На носителот на титулата Национален уметник од буџетот му се доделува месечен паричен надоместок во износ од две просечни плати доживотно и има право, со средства од буџетот, да му се издаде монографија за неговото творештво. Просечната плата во април 2017 изнесуваше 22.672 денари.

Титулата се доделува од 2011 година и досегашни носители се: пијанистот Симон Трпчески, режисерот Милчо Манчевски, пејачката Есма Реџепова Теодосиевска, оперските певци Борис Трајанов и Ана Дурловски и поетот Никола Маџиров.

За овие измени се очекуваат реакции и од уметничката јавност која од претходната власт беше многу задоволна бидејќи преку различни буџетски ставки често добиваше високи финансии за различни активности.


Слично

Поврзани вести