ВЛАДАТА НЕ ПОПУШТА: „Нашиот предлог за името е добар за конечно решение“
Пред утрешниот состанок на министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас од Владата без промени околу предлогот за името Илинденска Република Македонија во спорот со Грција.
Денска портпаролот Миле Бошњаковски потврди дека Владата останува на истиот став, предлогот за името не е променет.
Бошњаковски кажа дека дадениот предлог од наша страна по лидерската средба ги одразува севкупно сите аспекти што се потребни за да се заштити идентитетот, и на македонскиот народ, меѓутоа ги одразува и сите останати делови кои ја обележуваат Македонија како мултиетничка држава образложувајќи дека Владата смета дека предлогот е добар.
Слично
