Владата назначи двајца нови директори
Владата назначи нови директори на ЈП Национална радиодифузија и на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.
Ендрин Кадриу е нов в.д. директор на Јавното претпријатие Национална радиодифузија - Скопје. Досега оваа функција ја извршуваше Фестим Халили, кој во меѓувреме беше назначен за директор на Фондот за иновации и технолошки развој.
Џамил Ќамили, поранешниот градоначалник на Општина ДОлнени, е назначен за нов директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството Битола, на местото на Елгафар Јусуфи.
Слично
