Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата направи 100 дена, но отчетот уште не е готов

Владата направи 100 дена, но отчетот уште не е готов

Точно 100 дена од мандатот на новата Влада изминуваат денеска, но нема да има отчет за сработеното барем до крајот на неделата, дознава Телма.

Отчетот за сработеното пред јавноста најверојатно ќе биде презентиран пред Владата на 103-тиот ден од новата Влада.

Отчетот, како што информира телевизијата, се уште се подготвува, а министрите треба допрва да реферираат за сработеното.

Прва одлука во новиот мандат на владата на премиерот Зоран Заев беше со механизација на „Македонија пат “ да се урне дивоградбата кај Мавровка, како и носењето на протоколите за наставата и повторното отворање на градинките.


Слично

Поврзани вести