Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата најде начин како да го „избрка“ Хазби Лика

Владата најде начин како да го „избрка“ Хазби Лика

Владата планира да го укине Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, а наместо тоа да се формира ново министерство за политички систем и мултикултурализам, брифираат владини извори. 

кога ќе с еслучи тоа практично од Владата ќе треба да си замине и Хазби Лика актуелниот вицепремиер за рамковен договор. Негово име и претходно с еспоменуваше како дел од можна реконструкција на Владата поради тоа што тој не доаѓаше на работа.  со тоа и оваа вицепремиерска функција, што ја извршува моментно Хазби Лика од ДУИ. 

Инаку вчера премиерот Зоран Заев му предложи на Собранието да ги разреши од функцијата министрите без ресор, Аксел Ахмедовски и Аднан Ќахил. На местото на  Ахмедовски, за министер без ресор задолжен за имплементацијата на стратегијата за Ромите е предложен Музафер Бајрам, кој е потпретседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите. На место Аднан Ќахил, како министер без ресор задолжен за странски инвестиции, е предложен Елвин Хасан, потпретседател на Партијата за движење на Турците.

Владини извори велат дека тие сами барале да бидат разрешени.


Слично

Поврзани вести