Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата на РМ најде консултант за спроведување кампања за референдумот

Владата на РМ најде консултант за спроведување кампања за референдумот


Владата на Република Македонија потпиша Меморандум за соработка со консултантската компанија Стратагем Интернешнл за консултантски услуги кои, како што велат од владината служба, „ќе овозможат спроведување на кредибилен, фер и транспарентен“ референдумски процес.

„Целта на овој меморандум е да се обезбедат консултантски услуги во спроведувањето на планирана јавна комуникација од јавен интерес – кампања за референдумот, базирана на принципите на објективност, транспарентност и рационалност“, гласи соопштението на Владата.

Согласно Меморандумот за соработка меѓу Владата на Република Македонија и консултантската компанија Стратагем Интернешнл, услугите опфатени со него немаат финансиски импликации, односно се без надомест, велат од владината служба..


Слично

Поврзани вести