ВЛАДАТА НА ПОТЕГ: Рестриктивни мерки плус уште една недела?
Рестриктивните мерки да важат уште една недела, побараа вчера од Комисијата за заразни болести.
Денес за овој предлог ќе одлучуваат министрите на седницата.
Дали ќе дадат светло, полицискиот час како мерка која завршува денес да продолжи и во наредните деноови, останува да видиме.
Извесно е дека Владата ќе го „аминува“ предлогот на Комисијата, а тоа значи дека угостителските објекти, ресторани, кафулиња, фитнес клубови и слично ќе останата под клуч уште неколку дена.
-Утринава одлучивме да доставиме повторно предлог до Владата, односно до владиниот Кризен штаб, овие мерки кои сега се на сила да опродолжат уште една недела-изјавија вчера од Комисијата за заразни болести за Фактор.
Практично ќе остамнат на сила истите мерки кои важат до утре, а тоа е забрана за движење на граѓаните после 20 часот до 05 часот изутрина, како и кафулињата, рестораните, кафеаните, сите угостителски објекти да останат затворени. Се предлага и истата мерка, односно забрана на на одржување на семинари, обуки, конференции кои би значеле собирање поголем број луѓе, како и работата на фитнес центрите, вежбалните и така натаму. Значи предлогот е ист за рестриктивните мерки, но наместо до утре бараме да продолжи уште една недела. На ниво на Македонија има некои по0местувања на подобро во однос на епидемиолошката состојба, но, за жал се уште има премногу хоспитализации. Лакувањето трае многу подолго, па од причина што не сакаме да ни се случи целосно блокирање на здравствениот систем ги предлагаме овие рестриктивни мерки-, кажа за Фактор извор од Комисијата за заразни болести.
