Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВЛАДАТА НА МИЦОТАКИС СÉ УШТЕ НЕ ГИ РАТИФИКУВА МЕМОРАНДУМИТЕ ЗА СОРАБОТКА СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Пратеничка со остри критики

„ВЛАДАТА НА МИЦОТАКИС СÉ УШТЕ НЕ ГИ РАТИФИКУВА МЕМОРАНДУМИТЕ ЗА СОРАБОТКА СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Пратеничка со остри критики

Пратеничката на Сириза, Рена Дуру ја прозва грчката влада за неисполнувањето на обврските од  Преспанскиот Договор и отворено праша дали Владата на Мицотакис има намера да ги ратификува меморандумите за соработка со Северна Македонија.

-Повеќе од 4 години, под единствена одговорност на владата на Мицотакис, се чека на ратификација од Собранието на трите меморандуми за соработка меѓу нашата земја и Северна Македонија, во рамките на историскиот договор од Преспа. Истовремено, Владата не го контролира и следи спроведувањето на Договорот од Преспа како што треба. Меѓу другото, нема обезбедено промена на учебниците во Северна Македонија како што е договорено на билатерално ниво од јуни 2019 година, но и почитување на распоредот за промена на патните исправи и табличките на автомобилите до 12 февруари 2024 година. Резултатот од сето ова, во комбинација со не свикување, 4 години, на Врховниот совет за соработка (како што е предвидено со Договорот од Преспа) и неуспехот да се склучат нови билатерални договори, остава простор за непочитување на Договорот и поткопување на одбранбена, дипломатска и економска соработка со Северна Македонија, со што се зголемува просторот за зајакнување на улогата на третите сили на нашите северни граници, истакна таа. ,

Во оваа насоја Дуру праша кога 3-те меморандуми за соработка со Северна Македонија ќе бидат доставени до соодветната Комисија на Парламентот, а потоа и на Пленумот за ратификација, како што Грција е обврзана со Договорот од Преспа?

ФОТО: EPA-EFE/BELTES ALEXANDROS

Слично

Поврзани вести