Владата на Ципрас плати дистрибуција на Преспанскиот договор во грчки весници
Владата на Грција ќе отпелати десет илјади копии од Преспанскиот договор помеѓу Атина и Скопје со цел подобро да ја информира јавноста пред започнувањето на парламентарната дебата за ратификација на Спогодбата, соопшти грчката новинска агенција.
Канцеларијата на премиерот Алексис Ципрас соопшти дека документот ќе биде објавен во викенд изданијата на грчките весници за да може секој Грк да го прочита.
Грците се длабоко поделени во врска со преспанскиот договор, бидејќи поголемиот дел од нив воопшто не сака да се спомнува поимот „Македонија“ во името.
Слично
