Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата на цела седница ќе им се посвети на младите

Владата на цела седница ќе им се посвети на младите

Владата предводена од премиерот Зоран Заев денеска ќе има цела владина седница посветена на младинските политики при што ќе треба да ги презентира сите или барем повеќето проекти кои СДСМ ги ветуваше во предизборниот период за подобрување на состојбата на младите луѓе во Република Македонија.

„На оваа седница и претходеа серија на отворени координативни средби, организирани и координирани од страна на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Владата на Република Македонија, кои преку средбите и широка јавна расправа, отворија простор за предлог политики на младинските организации.

На седницата, покрај младинските политики кои ги имплементира Владата, заедно со претставници на младинските организации, ќе ги разгледуваат доставените, предлог – политики, посветени на унапредување и подобрување на животот на младите во земјава“, соопштија од Владата на РМ.

Очекуваме Владата да се позанимава повеќе со невработеноста на младите, подобрување на студентскиот стандрд, нови програми за студентите, можност да обуки и дообразување, како и многу други проекти кои подолго време се на агендата на младинските организации, но и на неформалните групи на млади луѓе во Македонија.


Слично

Поврзани вести