Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата на Борисов даде зелено светло за договорот за добрососедство

Владата на Борисов даде зелено светло за договорот за добрососедство

Kабинетот на бугарскиот премиер, Бојко Борисов го одобри договорот за добрососедство,  пријателство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Од Владата на Борисов велат дека потпишувањето на договорот за добрососедство е израз на желбата на Република Бугарија да изгради добрососедски односи засновани на европските вредности. 

„По потпишувањето, резултатите од овој договор ќе бидат соработката во билатерален и мултилатерален план, проширувањето на транспортните врски и комуникации, учество и употреба на средства по регионални инфраструктурни и транс-гранични проекти, како и олеснување на контактите меѓу граѓаните на двете земји“- соопшти бугарската Влада.

Денеска и македонската Влада соопшти дека вчера го одобри нацртот на договорот и дека во 15 часот премиерот Зоран Заев ќе го објави договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија.

На владината седница во Софија беше одлучено дека Бугарија и Македонија ќе соработуваат во областа на природниот гас. 

Слично

Поврзани вести