Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата на аукција собра 65,3 милиони евра!

Владата на аукција собра 65,3 милиони евра!
Владата денеска преку аукција на државни записи успеа да собере 65,3 милиони евра. Интересот за купување на државните записи беше поголем од првичната понуда на државата. Беа објавени две аукции на тримесечни записи, две аукции на едногодишни обврзници и беше издадена една обврзница со рок на доспевање од 5 години. Најмногу пари или 51 милион евра се собраа од тримесечните записи, 8,2 милиони евра од петгодишната обврзница а остантите 6 милиони се обезбедија од едногодишните обврзници.

Во исто време, по основ на доспеани записи Владата денеска се раздолжи со речиси 40 милиони евра. Сепак, во државната каса останаа “чисти“ повeќе од 25 милиони евра.

Владата најави дека буџетскиот минус во државната каса до крајот на оваа година ќе се финансира токму преку домашно задолжување. Според последните расположливи податоци, јавниот долг на Централната Влада достигна 30,2% од БДП. Салдото на континуираните државни хартии од вредност надмина 600 милиони евра и заклучно со септември изнесува 628,4 милиони евра
Слично

Поврзани вести