Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА МУ ПОРАЧА НА ИВАНОВ: Одлуката нема да влијае на договорот со Грција

ВЛАДАТА МУ ПОРАЧА НА ИВАНОВ: Одлуката нема да влијае на договорот со Грција

Одлуката на шефот на државата да не го потпише договорот со Грција беше очекувана и нема да влијае на примената на тој договор, сооптшија од владата откако Иванов со писмо до медиумите потенцираше дека нема да стави потпис на ратификуваниот договор.

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски рече дека одлуката на претседателот Иванов нема да влијае на имплементацијата на фазата на договорот, истакнувајќи дека Владата на Грција веќе испратила писма до ЕУ и НАТО.

Од владата истакнаа дека волјата на граѓаните ќе биде изразена на референдум (кој би требало да биде одржан кон крајот на септември или почетокот на октомври- и ќе биде обврзувачка за сите политички субјекти.

Иванов денес пред пладне објави дека одлучил да не го потпише указот за прогласување на договорот со Грција кој парламентот го ратификуваше на 20 јуни со 69 гласа „за“, без присуство наопозициската ВМРО ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести