Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата му одговори на ВМРО ДПМНЕ што „договорил“ Заев со Ципрас во Давос

Владата му одговори на ВМРО ДПМНЕ што „договорил“ Заев со Ципрас во Давос

На билатералната средба меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на Економскиот форум во Давос, за прв пат после две децении се откочија процесите кои водат кон достоинствено решение на отворените прашања на Република Грција и Република Македонија како две соседни европски земји. За демонстрираната добра волја од двете страни јавноста беше целосно информирана, ова е одговорот од Влада откако опозициската партија го запраша премиерот за договорот што го постигнал со Ципрас и што се крие зад разговорот од Давос.

„Изнаоѓањето взаемно прифатливо решение е можно и за таа цел во тек е преговарачки процес. Потребна е добра волја и компромис од двете страни да се дојде до решение кое ќе ги почитува достоинството и идентитет на граѓаните на двете држави“, посочија од Влада.

„Што договорил Заев во Давос на средбата со грчкиот премиер Ципрас? Зошто грчките власти инсистираат да не се излегува од рамката на тој договор? Што се крие од македонската јавност.

Во земјава владее целосен молк по овие прашања кои се погласно се поставуваат. Власта избегнува одговори и секојдневно се прави дефокус со разни теми. Затоа невини луѓе, патриоти, се обвинуваат за тероризам и се држат во притвори“, реагираа денес од ВМРО ДПМНЕ.

Владата возврати дека за секој значителен исчекор во текот на преговорите јавноста ќе биде повторно целосно информирана.

Слично

Поврзани вести